петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лондон со намера да го замрзне сиот руски државен имот поради Навални

Лондон со намера да го замрзне сиот руски државен имот поради Навални

Велика Британија ќе го замрзне целиот руски државен имот доколку има докази за закана по животот или имотот на британските граѓани или лица со дозвола за престој во таа земја, соопшти Форин офис.

Лондон исто така ќе ги разгледа сите можни санкции против поединци од Русија, што се воведени во врска со притворањето на Алексеј Навални.

Министерката Венди Мортон изјави пред Парламентот дека целиот руски имот ќе биде замрзнат доколку властите најдат докази дека Русите им се заканувале на британските граѓани или лица со дозвола за престој во таа држава.

Мортон исто така посочи дека можните нови санкции постојано ќе се разгледуваат и дека во овој момент не е соодветно да се коментираат натамошните потези бидејќи тоа може да го намали нивното влијание.