среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЛУДНИЦА НА АЕРОДРОМ: Го испразниле целиот авион бидејќи двегодишно девојче со посебни потреби немало маска (ВИДЕО)

ЛУДНИЦА НА АЕРОДРОМ: Го испразниле целиот авион бидејќи двегодишно девојче со посебни потреби немало маска (ВИДЕО)

Лесно е да се разбере дека луѓето се плашат во време на пандемија и дека се плашат од инфекција и последици, но гласот на разумот не треба да се губи. За жал, тоа не беше случај во понеделникот на аеродромот во Орландо, кога обезбедувањето го испразни целиот авион поради семејството чие дете јадеше јогурт без маска!

Да, добро прочитавте! Авионот на „Спирит ерлајнс“ беше целосно испразнет поради четиричлено семејство, кое, дури и со најдобри намери, не можеше да разбере што погрешиле.

– Напуштете го авионот. Земете си ги работите и напуштете го авионот. Одбивате да носите маски и да соработувате – можете да слушнете на видеото како стјуардесата зборува со членовите на семејството, односно со бремената жена во чиј скут седеше девојчето.

Американските медиуми објавија дека обезбедувањето го испразнил целиот авион „Спирит ерлајнс“, односно дека летот до Атланта им бил дозволен на другите патници само по два часа доцнење.

Претставник на компанијата следниот ден изјави дека семејството е протерано од авионот затоа што родителите биле тие што ги предизвикале проблемите и одбиле правилно да стават маски на лицето, но тоа не е она што го слушаме на видеото.

Записот дефинитивно потврдува дека стјуардесата се пожалила на двегодишното девојче кое според нејзината мајка е пред се дете со посебни потреби.