На социјалната мрежа на Твитер објавено е видео од нападот во Ница во кој беа убиени три лица.
На видеото се гледа како луѓето бегаат од напаѓачот кај катедралата Нотр Дам.
„Бев присутна непосредно пред првите пукања, човекот се засолни во Нотр-Дам, потоа пристигнаа многу полицајци, тој се обиде да избега од катедралата, а полицијата го застрела“, стои покрај објавата.
J'étais présente juste avant les tout premiers coups de feu, un homme s'était réfugié dans #NotreDame puis de nombreux policiers sont arrivés, il a essayé de fuir hors de la #cathédrale et les policiers l'ont abattus. #Nice06 #attentat pic.twitter.com/irdBkQeHGW
— Emyllianna (@Emyllianna) October 29, 2020
Француската полиција соопшти дека е уапсен сторителот.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманан на Твитер објави дека поради нападот е закажан кризен состанок.
Засега нема подетални информации за нападот.