сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Луј Витон“ ја претстави новата колекција на накит па предизвика гнев поради симболот кој означуа само едно – агресијата на Русија врз Украина (ФОТО)

„Луј Витон“ ја претстави новата колекција на накит па предизвика гнев поради симболот кој означуа само едно – агресијата на Русија врз Украина (ФОТО)

Модниот гигант „Луј Витон“ претстави нова колекција накит, па предизвика гнев кај обожавателите кои тврдат дека симболот потсетува на оној на агресијата на Русија врз Украина – буквата „Z“.

Француската модна куќа на Инстаграм ја претстави унисекс-колекцијата „LV Volt“, со познати личности како лица на брендот. Меѓу нив се раперот Кид Куди, глумицата Џин Чен и Алиша Викандер. Иако се решија, како и обично, со стилизирано преплетување на буквите „L“ и „V“, тие сега постигнаа спротивен ефект бидејќи тоа многумина ги асоцира на „рускиот воен симбол“, па луто одговорија во коментарите потоа. За некои, тоа е дури и „срамен“ потег.

– Модата не може да произлезе од војна! Буквата ’Z‘ е симбол на руската агресија против Украина“, „Дали сте сериозни!?“, „Веќе гледам дека ова ќе биде еден од најлошите маркетиншки неуспеси ширум светот, гласат дел од коментарите. (МИА)