сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лукашенко се огради од Путин: Белоруските војници не учествуваат во нападот на Украина

Лукашенко се огради од Путин: Белоруските војници не учествуваат во нападот на Украина

Белоруски војници не учествуваат во руската операција во Украина, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава соопшти дека донел одлука Русија да започне специјална воена операција во Донбас.

Украинската армија денеска соопшти дека соборила пет руски авиони и еден хеликоптер во областа Луганск, што Русија го негира. Амбасадорите на НАТО утрово ќе одржат итна седница, изјави за Ројтерс неименуван претставник на Северноатлантската алијанса, откако Русија ја нападна Украина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од Русија веднаш да ја прекине воената акција и да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Најмалку осум лица загинаа, а девет се ранети при руското гранатирање во Украина, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, во моментот кога од Киев пристигнуваат информации дека се евакуираат голем број граѓани.

Бројни приватни возила го напуштаат главниот град на Украина, Киев, додека во градот се слушаат експлозии.