Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска го објави извештајот за Украина во кој наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје.
МААЕ соопшти дека е подготвена веднаш да почне консултации што би довело до итно формирање зона за нуклеарна безбедност во Запорожје, пренесоа британските медиуми.
Меѓународната агенција за атомска енергија нагласи дека е многу загрижена за ситуацијата во нуклеарната централа.
МААЕ соопшти дека нејзиниот тим забележал штета направена на различни локации, од кои некои биле во близина на зградата на реакторот.
Во извештајот се препорачува да се подобрат условите под кои украинскиот персонал работи во нуклеарната централа.
Украинскиот персонал е под постојан висок стрес и притисок, особено со ограничената работна сила која е на располагање, соопшти МААЕ во извештајот, додавајќи дека тоа не е одржливо и може да доведе до зголемена човечка грешка што може да има влијание врз нуклеарната безбедност.
Извештајот е објавен по посетата на тимот на МААЕ на Запорожје. (МИА)