петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонски државјанин уапсен за тероризам во Швајцарија

Македонски државјанин уапсен за тероризам во Швајцарија

Тројца државјани на Косово и еден македонски државјанин денеска се уапсени во Швајцарија под сомнение за тероризам, информираа од Федералното Обвинителство, пишуваат тамошните медиуми, а пренесува ин7.тв.

Според објавените информации, тројца од уапсените се мажи и една жена од Балканот, а поврзани со криминални дела за последните два месеци. Тие се обвинети дека „поддржувале или учествувале во криминална организација“, каде што се споменуваат и терористичките групи Ал-Каеда и Исламската држава.

Сите четири уапсени лица се на возраст од 26 до 34 години. Тие се уапсени во кантонот Фрибург во Швајцарија.