Климатските промени доведуваат до нови пожари, кои ќе ги принудат Франција и Европската унија да донесат „структурни одлуки“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Структурните промени ќе следат во годините што доаѓаат, рече Макрон за време на посетата на лозарскиот регион Жиронд, кој беше погоден од најголемите пожари во последните 30 години и каде беа уништени околу 20.000 хектари шума.