Евентуалното излегување на САД од договорот за нуклеарна програма на Иран би можел да доведе до најлошото сценарио, а во Вашингтон не сакаат таков развој на настаните, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за германското списание „Шпигл“.
– Тоа значи дека ќе ја отвориме Пандорината кутија, што би можело да значи војна. Не мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп сака војна, рече Макрон.
– Не знам што ќе одлучи претседателот, но мислам дека тој ќе се ослободи од овој договор заради домашни причини. Таквиот потег би можел да функционира на краток рок, но тоа е лудо на среден и долг рок, изјави шефот на француската држава.
МИА