Пејачката Тереза Кесовија е една од стотиците гости кои ќе ручаат со Макрон, а за тоа има голема причина.
Тереза Кесовија не само што е пејачка дива во Хрватска, таа беше и остана легенда во Франција која го носи францускиот Орден на честа од областа на уметноста, пишува „Index.hr“.
Таа откри и што планира да му каже на Макрон кога ќе го види:
-Нешто за неговиот нов мандат, во кој цврсто верувам. Се надевам дека за време на новиот мандат тој ќе работи уште повеќе да ги зближи нашите два народа и нашите две земји, изјави таа за „Story“. Мислам дека нема да имам многу време да разговарам со него, но секако ќе го поздравам. Таму ќе биде и амбасадорот Вејсиер кој ми е многу драг и е пријател на претседателот, додава таа.
Кесовија живеела во Франција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера.
Француската кариера на Тереза Кесовија започнала во 1965 година, кога ја отпеала „La Chanson de Lara“ од филмот „Доктор Живаго“.
Додека живеела и работела во Франција, Тереза соработувала со познати ѕвезди како Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.
Тереза четири пати ја наполнила париската „Олимпија“ и се запознала со неколку француски претседатели, а ќе ја има и првата средба со Макрон.