Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека испораките на оружје од Франција за Украина ќе се интензивираат во наредните денови и дека Париз е подготвен да одговори на дополнителните барања за помош, соопшти Елисејската палата.
Британските медиуми пренесуваат дека Макрон во разговорот кажал и дека земјите членки на Европската унија на самитот во јуни ќе ја разгледаат апликацијата за членство на Украина.
Тој ја повторил идејата за создавање нова „политичка заедница“ надвор од ЕУ, со цел Украина полесно да се интегрира.
Зеленски претходно на Твитер соопшти дека разговарал со Макрон, меѓу другото, и за барањето на Украина за кандидатскиот статус за членство во ЕУ.