петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон на СОП27 ќе врши притисок врз „богатите неевропски“ земји да го платат делот за сиромашните држави за климатските промени

Макрон на СОП27 ќе врши притисок врз „богатите неевропски“ земји да го платат делот за сиромашните држави за климатските промени

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на маргините на климатскиот собир COP27 во Египет изјави дека сака да создаде притисок врз „богати неевропски“ земји, особено на САД и Кина, за да го платат нивниот дел од помошта за сиромашните држави соочени со климатските промени.

„Мораме да ги имаме САД и Кина“ целосно вклучени во прашањето за намалување на емисиите на стакленички гасови и финансиската солидарност, посочи Макрон во Шарм Ел Шеик за време на средбата со младите Французи и Африканци посветени на климатскиот активизам.

Според Макрон, Франција и Европа се на вистинскиот пат кога е во прашање намалувањето на емисиите, но и поголеми земји мора побрзо да постигнат јаглеродна неутралност.

На агендата на собирот во Египет ставено е и прашањето „загуби и штети“, механизмот за отштета на сиромашните држави за справување со последиците од климатските промени, а ќе се зборува и за неисполнетото ветување за 100 милијарди долари помош на земји во развој за зелена транзиција.

Макрон смета дека „Европејците плаќаат“, но, тие се „единствените кои го прават тоа“.

Затоа, како што додаде претседателот на Франција, мора да се „изврши притисок на богати неевропски земји и да се каже оти мора да го платат нивниот дел“.