Францускиот претседател Емануел Макрон, по денешната средба со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас, повика на обнова на израелско-палестинските преговори.
Макрон ја потенцира потребата за „обнова на директниот политички дијалог помеѓу Израел и Палестинците, како и дека преговорите немаат алтернатива.
Абас на заедничката прес-конференција ги осуди активностите на Израел и неодамнешното убиство на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех, истакнувајќи оти „таа е ладнокрвно убиена без причина“.
Макрон и Абас телефонски разговараа во јуни кога францускиот претседател изрази загриженост за вложување на ситуацијата во палестинските територии бидејќи мировниот процес е во застој од 2014 година.