вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон се обрати до нацијата – Оставка нема, францускиот претседател воведува нови мерки

Макрон се обрати до нацијата – Оставка нема, францускиот претседател воведува нови мерки

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва и се обрати на нацијата по протестите на „Жолтите елеци“, најавувајќи економски мерки, кои пред се би требало да им помогнат на најзагрозените работници.

-Само затоа што не се сложуваме не значи дека треба да се напѓаат силите на редот, истакна францускиот претседател на почетокот на своето обраќање.

Дел од мерките кои вечерва ги најави Макрон се зголемување на платите за 100 евра месечно на работниците кои работат на минималец, додека прекувремената работа нема да биде оданочена. Макрон побара од работодавачите на работниците да им дадат бонуси на крајот на годината, кои нема да бидат оданочени.

-Многу други земји минуваа низ тешки периоди, ние ќе најдеме излез од кризата, рече Макрон кој напомена дека и тој самиот носи дел од одговорноста за протестите кои еден месец беснееат низ Франција.

Францускиот претседател нагласи и дека и наредил на Владата да направи се што е потребно за луѓето да бидат задоволни.

-Сакам земјата да ја транформираме во она за што луѓето гласаа пред 18 месеци. За да успееме во нашите намери, мора да бидеме сплотени. Се наоѓаме пред историски момент, низ дијалог и меѓусебно почитување ќе успееме. Мојата единствена борба е за вас, за Франција. Да живее Републиката. Да живее Франција истакна во своето обраќање францускиот претседател.

Во својот говор, тој се осврна и на економските, климатските и мигрантските прашања.