четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон се огласи по скандалот, еве што кажа за шлаканицата која ја доби

Макрон се огласи по скандалот, еве што кажа за шлаканицата која ја доби

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се огласи по повод денешниот инцидент кога едно лице од публиката го нападна и рече дека денешниот инцидент во кој беше удрен со шлаканица е изолиран настан.

-Овој инцидент мора да го ставиме во перспектива, ова е изолиран настан, изјави Макрон за францускиот локален дневен весник „Дофин Либре“, откако лице од толпата му удри шлаканица додека одеше и се ракуваше со граѓаните на југоистокот на Франција, објави „Ројтерс“.

Како што објасни Макрон, не смееме да дозволиме ултранасилните луѓе да преземаат јавни дебати, нагласи тој, тие не го заслужуваат тоа.