Украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова денеска ја нарече Русија „терористичка држава предводена од воен злосторник“.
-Знаете, јасно ни е дека Русија е терористичка држава предводена од воен злосторник, а ние работиме дење и ноќе и жестоко се бориме за да ја одбраниме нашата земја и да ја одбраниме нашата демократија, изјави Маркарова за Си-Ен-Ен.
Таа додаде дека „сите треба да се соочат со правдата“.
-Мислам дека ќе биде тешко да се води државата од Хаг, рече Маркарова.
Амбасадорката изјави дека руските сили убиваат цивили, деца, уништуваат болници, цивилна инфраструктура и станбени куќи насекаде.
-Тоа е дело на воен злосторник, затоа отворивме истрага во Украина и затоа Украина поднесе обвиненија до сите меѓународни судови. И да, Владимир Путин, заедно со сите, секој Русин кој е одговорен, поради ова ќе мора да заврши во затвор, рече Маркарова. (МИА)