недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Масовни руски ракетни напади врз речиси цела Украина

Масовни руски ракетни напади врз речиси цела Украина

Во текот на изминатата ноќ Русија изврши масовни ракетни напади врз повеќе места во Украина, соопшти Воздухопловството на вооружените сили на Украина.

„Опасност од ракетен напад беше прогласена во Суми, Полтава и источните региони поради лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС од областа на Каспиското Море“, се наведува во извештајот, пренесува Униан.

Во Л’вов, на западот на Украина, делови од ракети паднаа врз станбени згради и има повредени, изјави шефот на регионалната администрација Максим Козицки.

Тој додаде дека се урнал таванот во еден од хипермаркетите, а оштетени се и возила.

Во Луцк, на северозападот на Украина, погодена е индустриска компанија, а има и повредени, изјави градоначалникот Игор Полишчук, пренесуваат украинските меидуми.

Во Дњепар избувнал пожар во компанија како последица на ракетен напад, а има и повредени, изјави шефот на регионалната администрација Сергиј Лисак.

Опасност од ракетни напади беше прогласена и во јужниот и во централните делови на Украина.