Не е постигнат напредок во преговорите за надминување на италијанската политичка криза, изјави денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела по дводневните консултации со политичките лидери.
Нагласувајќи дека на земјата итно и треба полноправна влада, Матарела рече дека ќе почека уште неколку дена пред да одлучи како може да се надмине ќор-сокакот по новиот круг консултации за градење коалициска влада.
По изборите одржани на 4 март, ниту една партија нема мнозинство за формирање влада, по што политичките партии преговараат за составување коалициска влада.