Човек кој бил пронајден мртов во својот дом во село во американската сојузна држава Мериленд бил опкружен со повеќе од 100 отровни и неотровни змии, а локалната полиција соопштила дека причина за смртта е каснување од змија.
Инцидентот се случил во округот Чарлс, а мажот го пронашле соседите како лежи на подот во неговата куќа, откако не го виделе повеќе од еден ден.
Соседите повикале полиција, која извршила истрага и утврдила дека пред смртта на жртвата немало насилство.