петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маж убиен на протести во Тексас

Маж убиен на протести во Тексас

За време на протести во Тексас е убиен еден маж, откако во него пукал возач на автомобил, кој е обидувал да ги пробие протестите, соопшти тамошната полиција. Инцидентот се случи за време на вчерашните протести во Остин, соопштува полицијата. Застреланиот маж бил однесен во болница, каде подоцна починал.

Сведок на настанот раскажува дека автомобилот се движел кон демонстрантите. На автомобилот му пришол човек, за кој се тврди дека носел пушка, потоа возачот на автомобилот го застрелал човекот и избегал. И полицијата потврди дека застреланиот човек најверојатно кај себе имал пушка.

Осомничениот е приведен и соработува со полицијата, соопштуваат тамошните власти.

Вчерашните протести во Остин се во рамките на протестите „Црните животи се важни“.