недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маж уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија

Маж уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија

Маж денеска уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, откако му бил одбиен влез во земјата. Напаѓачот веќе е приведен, јавија локалните медиуми.

Тие претходно информираа дека странец отворил оган врз граничен чувар и го ранил откако му бил забранет влез во државата. Потоа стрелецот се забарикадирал во соба на аеродромот, каде што држел заложници.

Потоа, молдавските специјални сили започнаа операција и го приведоа напаѓачот.

Според првичните податоци, човекот пристигнал со авион од Турција. Патниците биле евакуирани од аеродромот, кој престанал да прима летови.