сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меѓународниот кривичен суд започна истрага за злосторства во Украина

Меѓународниот кривичен суд започна истрага за злосторства во Украина

Истражителите од Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска започнаа истрага за можни воени злосторства во Украина, изјави главниот обвинител на тој суд, Карим Кан.

Тој за „Ројтерс“ соопшти дека неговата канцеларија ќе провери дали има докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и акти на геноцид извршени од сите страни вклучени во конфликтот.

Запрашан за извештаите за артилериски напади врз украинските градови, Кан рече:

„Секоја страна која цели, директно гаѓа цивили или цивилни објекти, прави кривично дело според Римскиот статут и меѓународното хуманитарно право“.