среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меркел: Треба да се направи се за да се постигне трговски договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Меркел: Треба да се направи се за да се постигне трговски договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека треба да се направи се за да се постигне трговски договор меѓу Европската унија и Велика Британија.

– Секоја можност да се постигне договор е исклучително добредојдена, рече Меркел на прес-конференција во Берлин.

Велика Британија се повлече од ЕУ на 1 јануари, но е неформална членка до 31 декември, кога официјално завршува преодниот период за време на кој беше дел од единствениот пазар и царинската унија.