среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мерките на Макрон ќе чинат од осум до 10 милијарди евра

Мерките на Макрон ќе чинат од осум до 10 милијарди евра

Мерките кои францускиот претседател Емануел Макрон синоќа ги најави со цел смирување на бранот протести ширум земјата, ќе чинат меѓу осум и 10 милијарди евра, изјави државниот секретар во француското Министерство за јавни сметки Оливие Дисопт.

– Моментално сме во процес на прецизирање (на расходите) и ќе видиме како ќе го финансираме тоа, рече Дисопт за француската телевизија БФМ.

Макрон синоќа во телевизиско обраќање, меѓу другото, изјави дека ќе ги намали даноците за пензионерите и ќе ја зголеми минималната плата за 100 евра месечно, од јануари 2019, но дека нема повторно да воведе данок за богатите.

Кусо време потоа, генералниот секретар на францускиот синдикат Генерална конфедерација на труд (ЦГТ), Филип Мартинес оцени дека мерките што ги најави Макрон не се доволни и повика на „мобилизација заедно со жолтите елеци“ во петок на 14 декември.