четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Месков: Франција зароби три руски бродови и една јахта

Месков: Франција зароби три руски бродови и една јахта

Рускиот амбасадор во Париз, Алексеј Месков изјави дека три руски брода и една јахта веќе се под контрола на локалните власти во Франција. Според него, руските бродови биле задржани „практично без никакво објаснување“, пренесува БГНЕС.

-Никој не може да предвиди кога судството ќе донесе некакви одлуки, додаде амбасадорот.

Вчера медиумите објавија дека Франција запленила имот на повеќе од 500 поединци и организации во рамки на санкциите против Русија. (МИА)