сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мета го поздрави изгласувањето на Резолуцијата за Украина и побара ваков документ да донесе и албанскиот Парламент

Мета го поздрави изгласувањето на Резолуцијата за Украина и побара ваков документ да донесе и албанскиот Парламент

Албанскиот претседател Илир Мета вечерва го поздрави изгласувањето на Резолуцијата од страна на Европскиот парламент, со која се осудува агресијата на Русија врз Украина.

-Изгласувањето со 637 гласови на оваа Резолуција која ги опфаќа сите политички, економски, дипломатски, хуманитарни, правни аспекти, како и трагичните последици што може да ги предизвика ескалацијата на ситуацијата, ја докажува солидарноста и европското единство наспроти опасноста што и се заканува денеска не само на Украина туку и на Европа и на целиот слободен и демократски свет, напиша Мета на Фејсбук.

Го поздравувам, стои понатаму во објавата, зголеменото внимание на Европскиот парламент и кон нашиот регион „што треба да ја зголеми нашата будност против секој обид за нестабилност од непријателски актери“.

-Го повикувам албанскиот Парламент преку резолуција, јасно и без одлагање да ја изрази својата волја против инвазијата на Украина, слично на другите земји од НАТО и ЕУ, побара Мета од законодавниот дом.  (МИА)