четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мишел ја повика Белорусија да не учествува во деструктивната акција во Украина

Мишел ја повика Белорусија да не учествува во деструктивната акција во Украина
epa09024380 European Council President Charles Michel take part in the Online Munich Security Conference (MSC) from the European council headquarters in Brussels, Belgium, 19 February 2021. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ја повика Белорусија да не „учествува“ во руската офанзива во Украина, бидејќи Киев тврди дека Русија ја користи белоруската територија за својата инвазија.

-Апелирам до Белорусија и нејзиниот народ. Имате избор да не ја следите деструктивната акција на Русија. Имате избор да не учествувате во оваа непотребна трагедија против вашите соседи во Украина, рече европскиот функционер.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека белоруската армија не учествува во руската инвазија на Украина.

Русија синоќа почна напад врз Украина откако рускиот претседател Владимир Путин најави специјална воена операција за одбрана на сепаратистите.

На 10 февруари во белоруска територија почнаа заеднички воени вежби на големи единици на армиите на Русија и Белорусија, а пред четири дека Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека маневрите ќе продолжат поради зголемувањето на воените активности во близина на границата и влошувањето на ситуацијата во Донбас.