понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Многу сомнителни детали: 18 годишна манекенка пронајдена мртва во кревет на 41 годишен лекар

Обдукцијата покажала дека освен екстази и кокаин, во нејзиниот организам имало и фентанил и сканк.
Многу сомнителни детали: 18 годишна манекенка пронајдена мртва во кревет на 41 годишен лекар

Младата манекенка, 18 годишната Оља Лангил е пронајдена мртва во креветот на 41 годишен лекар откако се предозирала со екстази и кокаин, објави полицијата.

Телото на младата девојка е откриено во Форт Лодердејл на Флорида, во станот на Навал Парик, инаку лекар од брза помош. Обдукцијата покажала дека освен екстази и кокаин, во нејзиниот организам имало и фентанил и сканк. Според извештајот од полицијата станува збор за намерно предозирање, пишува Дејли Мејл.

Ја слушнал дека ’рчи

Лекарот во чиј стан е пронајдено телото на полицијата и кажал дека со Оља имал сексуален однос откако се запознале во спортскиот бар Блондис на крајот на март. Испиле неколку пијачки и се упатиле кон неговиот стан, каде шмркале кокаин, пушеле марихуана и се стапиле во доброволен сексуален однос, пренесува Ен-Би-Си Мајами.

Парик на полицијата и кажал дека после тоа заспал и покасно се преместил на каучот во дневната соба. Лекарот изјавил дека околу 3 часот наутро ја слушнал тинејџерксата како ’рчи. Кога се разбудил во 9 часот наутро ја пронашол без свест и повикал полиција.

Полицискиот службеник на местото на несреќата пронашол мали кеси, во кои според неговите процени имало кокаин или хероин. Освен, во спалната соба пронашол наргиле.

Иако полицијата смета дека нема причина за сомнеж дека смртта на младата жена била насилна, нејзиното семејство и пријателите не се така сигурно во тоа. Во објава на Фејсбук профилот на починатата стои молба до сите кои биле во контакт со Оља да се јават кај нејзиното семејство.

Семејството се сомнева од заклучоците на истрагата

Таканаречениот доброволен сексуален однос не бил доброволен и молиме да ни се јави било кој што има пораки, во кои таа бара помош или има некаква друга информација. Како и било кој друг кој таа вечер бил на забава. Благодариме, пишува во постот.

Лесли Максон, пријателка на нејзината мајка вели дека е чудно дека Оља починала во станот на лекарот.

-Тој беше одговорен за тоа да се грижи за неа  да води грижа дали е се во ред, вели таа.

Лекарот после овој инцидент се врати на работа во болницата „Braurard Helt Nort“. Откако полицијата ја извести управата на болницата за тоа што се случило, болницата договорила замена за пациентите на доктор Парик.

-Ваквите обвиненија ги сфаќаме доста сериозно, па организиравме алтернативна замена за неговите пациенти додека не се заврши истрагата, порачаа преку соопштение тие.