среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Моди до Зеленски: Индија е подготвена да помогне во напорите за мир во Украина

Моди до Зеленски: Индија е подготвена да помогне во напорите за мир во Украина

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска имаше телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја изрази подготвеноста на неговата земја да помогне во напорите за постигнување мир во Украина, пренесоа британските медиуми.

„Моди ја изрази својата цврста убеденост дека конфликтот не може да се реши по воен пат и увери дека Индија е подготвена да ги поддржи сите мировни напори“, соопшти неговиот кабинет по разговорот.

„Премиерот ја истакна важноста што Индија ја придава на безбедноста на нуклеарните постројки, вклучувајќи ги и оние во Украина“, се додава во коминикето од неговиот кабинет.