петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Молдавскиот премиер Јон Кику поднесе оставка

Молдавскиот премиер Јон Кику поднесе оставка

Премиерот на Молдавија, Јон Кику, денеска ја информира јавноста во земјата дека се повлекува од функцијата.

Британските медиуми пренесуваат дека Кику, поранешен министер за финансии, не објасни зошто донел таква одлука.

Парламентот на Молдавија го изгласа за премиер во ноември 2019 година, заедно со владата во која се најдоа главно министри поддржани од доскорешниот претседател Игор Додон, кој ја имаше поддршката од Москва.

На претседателските избори што се оддржаа на 16 ноември победи прозападната кандидатка Маиа Санду, лидерка на Партијата за акција и солидарност. (МИА)