четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Момче (5) застрелано во неговиот двор: Откриена е страшна вистина

Момче (5) застрелано во неговиот двор: Откриена е страшна вистина

Момчето било застреланo додека играл со сестрите во дворот, кога одеднаш малото момче паднало од неговиот велосипед.

Канон Хиант (5) од Северна Каролина, бил убиен минатата недела додека си играл во дворот со своите две сестри. Момчето возело велосипед во дворот и одеднаш паднало, кога татко му се стрчал кон него, сфатил дека неговиот син е застрелан.

– Беше недела, околу 17:30 часот. Децата играа во дворот како и секој друг ден. Првото нешто што помислив беше дека тој само падна од велосипедот, но кога му пријдов, сфатив дека станува збор за нешто многу посериозно – рече неговиот татко Остин.

Сите прво помислиле дека детето било погодено од залутан куршум. Детето било веднаш пренесено во болница, но наскоро им подлегнало на повредите.

Следниот ден, полицијата извршила апсење на Дариус Сосом (25), сосед на семејството Хинтан, под сомнение дека го убил детето. Причината за ова грозоморно злосторство сè уште не е позната.

– Бевме соседи цели осум години. Ноќта пред убиството, тој беше со нас на вечера. Божјата заповед вели: „Сакај го ближниот“, имавме многу храна, а јас го повикав кај нас. Седевме на тремот, дури пиевме пиво – вели татко на убиеното момче во неверување.

Остин тврди дека тој никогаш немал лош однос со уапсениот сосед.

– Никогаш немало лоша крв меѓу нас, никогаш расправија. Не знам зошто го стори тоа – вели неутешениот татко.

Осомничениот за убиство е во притвор, а деталите за ова злосторство допрва треба да бидат откриени.