Остатоци од повеќе од 2.000 фетуси се пронајдени во домот на американски лекар во Илиноис по неговата смрт, соопшти тамошната полиција.
Семејството на д-р Улрих Клофер ги открило остатоците кога влегла во неговиот дом по неговата смрт на 3-тисептември.
Д-р Клофер имал клиника во Саут Бенд, Индијана, која е затворена откако му била одземена лекарската лиценца во 2016 година.
Тој бил обвинет дека не пријавил на властите абортус што бил извршен врз 13-годишно девојче.
Лекарот рекол дека не изгубил пациент во 43 години колку што правел абортуси.
„Жените забременуваат, мажите не“, рекол д-р Клофер на сослушувањето, пренесува „Њујорк Тајмс“.
„Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја работа да му кажам на никого. Ниту да судам“, рекол тој.
Властите откриле остатоци од вкупно 2.224 фетуси кои се земени од патологот, а истрагата е во тек.