Русија и Саудиска Арабија остануваат цврсто посветени на целите на договорот на групата ОПЕК+ за зачувување на стабилноста на пазарот и балансирање на понудата и побарувачката на глобалните пазари на нафта, соопшти денеска руската влада.
Рускиот вицепремиер Александар Новак се сретна со министерот за енергетика на Саудиска Арабија принцот Абдулазиз бин Салман за да разговараат за соработката меѓу двете земји во рамките на договорот на ОПЕК+, кој поставува квоти за производство на нафта во обид да се балансираат глобалните цени.