петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Москва продолжува да бара Украина да ги прифати нејзините услови за мир

Москва продолжува да бара Украина да ги прифати нејзините услови за мир

Само безусловното прифаќање на руските услови од Киев ќе стави крај на руската инвазија на Украина, соопшти денеска Москва, два дена по состанокот за Украина во Саудиска Арабија.

„Убедени сме дека едно навистина сеопфатно, трајно и праведно решение е можно само доколку режимот во Киев стави крај на непријателствата и терористичките напади“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Новите територијални реалности (во источна и јужна Украина) треба да бидат признати, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина… треба да се обезбедат“, рече портпаролката, додавајќи дека „треба да бидат потврдени почетните основи на суверенитетот на Украина: нејзиниот неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“.

Тие барања, кои веќе ги постави Москва кога ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, беа отфрлени од Киев.  (МИА)