Загадувањето од излевањето нафта во Рускиот Арктик, кога при хаварија во Норилск се излеаја 21 илјади тони дизел, предизвика повеќе од две милијарди американски долари штета на животната средина, соопштија руските власти.
Штетата од загадување на океанот надминува 147 милијарди рубљи (две милијарди долари), соопшти руската агенција за животна средина Росприроднадзор. Излевањето на нафтата предизвика далеку поголема штета на копното, која Росприроднадзор ја проценува на 739 милијарди рубљи.
Овој руски државен орган соопшти дека гигантот „Норилск Никел“ треба да плати две милијарди долари отштета за излевањето на нафтата. Росприроднадзор соопшти дека испратиле барање за „доброволно обештетување“ до фирмата-ќерка на Норилслск Никел, НТЕК.
Поради несреќа во електроцентрала, 21 илјади тони нафта се излеаја во океанот на крајот на мај. Активистите на Гринпис го нарекоа излевањето најголема катастрофа во историјата на рускиот Арктик.
– Обемот на штетата на арктичките води не може да се спореди со ништо во историјата, рече рускиот министер за животна средина Дмитриј Кобиљкин.
Претседателот Владимир Путин прогласи вонредна состојба и му нареди на најбогатиот човек во Русија, Владимир Потанин, да ја плати штетата.