понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мун и Ким разговараа за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

 - Претседателот Мун истакна дека тоа (железничката линија) ќе придонесе за економската соработка меѓу двете земји, наведе Јун.
Мун и Ким разговараа за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Јужнокорејскиот претседател и севернокорејскиот лидер, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун разговараа за денуклеаризација и мир на Корејскиот Полуостров, изјави Јун Јунг-џан, портпаролот на Мун.

– Двајцата лидери имаа искрен и едноставен дијалог за денуклеаризацијата и воспоставување на траен мир на Корејскиот Полуостров и развивање на билатералните односи, посочи Јун.

Тој наведе и дека сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, која е дел од делегацијата на Северна Кореја, предложила да се забрза обединувањето на двете Кореи, додека Мун предложил двете земји да се поврзат со железничка линија.

 – Претседателот Мун истакна дека тоа (железничката линија) ќе придонесе за економската соработка меѓу двете земји, наведе Јун.

Проектот за железничко поврзување на двете земји е разгледуван и претходно, при што е предвидено корејската железница да биде поврзани и со Транссибирската линија.

Јун коментирајќи го прескокнувањето на границата и преминувањето на Мун на севернокорејска територија било спонтано.

– Откако Ким Џонг-ун премина на јужнокорејска територија, претседателот Мун праша кога тој ќе може да стапне на севернокорејско тло. Ким Џонг-ун веднаш одговори – може и сега и го фати претседателот за рака и го однесе зад демаркационата линија, наведе Јун. (МИА)