петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МЗ во Газа: Бројот на загинати од израелските напади врз Газа се искачи на 5.791, вклучувајќи 2.360 деца

МЗ во Газа: Бројот на загинати од израелските напади врз Газа се искачи на 5.791, вклучувајќи 2.360 деца

Најмалку 5.791 Палестинец се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, меѓу кои 2.360 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Во соопштението се посочува дека само во претходните 24 часа биле убиени 704 Палестинци.

Исто така, околу 1,4 милиони од 2,3 милиони жители на Газа сега се раселени, соопшти хуманитарната агенција на ОН во најновото ажурирање на податоци.

Според извештаите, недостигот на чиста вода за пиење, како и пренаселеноста, станаа главна грижа.