сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На глобалната криза со храна изложени 48 земји

На глобалната криза со храна изложени 48 земји

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска изјави дека 48 земји се изложени на глобалната криза со храна, а половина од нив се многу ранливи.

Георгиева, која зборуваше на конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, исто така рече дека 41 милион луѓе во арапскиот свет се изложени на несигурност во однос на храната.

Таа посочи дека ММФ ќе се погрижи гласот на институцијата да се слушне во борбата против ограничувањата во трговијата со храна за да се ублажи ситуацијата.

Во однос на економската состојба во светот, Кристалина Георгиева истакна дека ММФ нема да се двоуми да биде во служба на земјите членки.

„Ако имаат потреба од повеќе, ние ќе направиме повеќе“, рече Георгиева. (МИА)