Минск, 2 ноември 2020 (МИА) – Повеќе од 200 лица беа уапсени за време на вчерашните демонстрации во Белорусија, додека организацијата за човекови права Виасна прецизира дека се проведени 206 лица.
Повеќето луѓе биле уапсени на протестите во Могиљов, Гродно и Зодишки.
Приврзаниците на опозицијата вчера, 12-та недела по ред, повторно организираа демонстрации во Минск, овој пат недозволени и наречени „Предци“, по повод Денот на сеќавање на предците.
Тој ден се одбележува денеска, 2 ноември, кога опозицијата одржува протестни маршеви од центарот на Минск кон блиските предградија, каде има масовни гробници на жртвите на сталинистичката репресија.