Украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин најверојатно мировните преговори ќе ги водат во Турција.
Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија истакна дека Зеленски е подготвен за средба во блиска иднина со Путин.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека преговорите помеѓу Русија и Украина не беа лесни, но главно е тоа што продолжуваат.
Тој додаде дека Русија би сакала да ги продолжи разговорите со Украина во соседна Белорусија, но Киев се спротивстави на идејата.