недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 21.000 загинати во Турција и Сирија, живи луѓе се извлекуваат и по 90 часа под урнатините

Над 21.000 загинати во Турција и Сирија, живи луѓе се извлекуваат и по 90 часа под урнатините

Повеќе од 21.000 луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што ги погоди јужна Турција и Сирија. Спасувачите од 65 земји веќе петти ден трагаат по преживеани.

Потпретседателот на Турција Фуат Октај ги објави последните податоци за бројот на жртвите од земјотресот во земјаta, наведувајќи дека животот го загубиле 17.674 лица, а повредени се 72.879 лица.

Според последните податоци во Сирија животот го загубија над 3.000 луѓе , а бројот на повредени надмина 8.000.

Десетгодишно девојче во провинцијата Хатај е извлечено од урнатините 90 часа по земјотресот, а двегодишно момче е спасено во Антакија 79 часа по земјотресот.