Како последица на петнеделните монсунски дождови во Пакистан досега загинале 304 лица, соопштија денеска локалните власти.
Од средината на јуни поплавите од надојдените реки оштетија многу автопатишта и мостови, а околу 9.000 домови се целосно уништени.
Нестабилната и сиромашна југозападна провинција Белучистан е особено тешко погодена од долготрајното невреме, каде 99 лица загинаа во вонредни случаи поврзани со дождот и поплавите, а 70 други се загинати во јужната провинција Синд.
Водата однесе 61 живот и во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, и 60 во источната провинција Пенџаб.
Меѓу жртвите има жени и деца, а повредени се најмалку 284 лица.
Секоја година, вообичаено од јули до септември, поголемиот дел од Пакистан се бори со монсунските дождови.