понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 400 бродови чекаат да преминат преку Суецкиот Канал

Над 400 бродови чекаат да преминат преку Суецкиот Канал

По шестдневна блокада повторно е воспоставен сообраќајот преку Суецкиот Канал и првите бродови запловеа од езерото меѓу северниот и јужниот крак на каналот, каде беа блокирани 45 бродови.

Еден од најголемите светски товарни бродови со контејнери „Ever Given“ го блокираше Суецкиот Канал речиси една недела, откако се насука, а денеска е преместен во пловниот дел од каналот и „ослободен“ без да биде оштетен, потврди претседателот на Управата на Суецкиот Канал, Осама Раби.

По деблокирањето на 400-метарскиот брод „Ever Given“, утрово се очекува да поминат 113 бродови преку Суецкиот Канал, изјави шефот на египетската служба за управување со водни патишта, Осама Раби. Тој посочи дека 422 брода чекаат да преминат.

Штетата предизвикана од оваа блокада на Суецкиот Канал, низ кој минува и до 20 отсто од светската трговија меѓу Истокот и Западот, се проценува милијарди долари.