Бројот на луѓе загинати во разорните земјотреси на границата меѓу Турција и Сирија се зголемува.
Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД) вечерва соопшти дека бројот на загинати во земјата пораснал на 38.044 луѓе загинаа во 11 провинции.
Заедно со луѓето кои загина во Сирија, вкупниот број стигна до 43.695 изгубени животи.
По првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени кој ги погоди Турција и Сирија во раните утрински часови на 6 февруари, следеле над 3.800 последователни потреси, соопшти АФАД.
Само во Турција се оштетени над 50.000 згради. Повеќе од 100.000 луѓе се повредени, а околу 13.200 од нив сè уште се лекуваат во болница.