недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 50 илјади бегалци од Украина пристигнале во Германија

Над 50 илјади бегалци од Украина пристигнале во Германија

Германското министерство за внатрешни работи објави дека според нивните информации 50.294 бегалци од војната во Украина пристигнале во Германија.

– Бидејќи нема гранични контроли, бројот на бегалци од војната кои влегле во Германија може да биде многу поголем, изјави денеска портпаролот во Берлин, јави ДПА.