сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најавен најмасовниот протест во Полска поради забраната за абортус

Најавен најмасовниот протест во Полска поради забраната за абортус

Активистите за заштита на женските права се подготвуваат за, како што велат, најмасовниот протест досега во Полска, каде повеќе од една недела се одржуваат собири поради пресудата на Уставниот суд за забрана на абортусот во случај на вродени нарушувања на фетусот.

Протестот е планиран за вечерва во главниот град Варшава, и покрај апелот на Владата да се остане дома поради големиот број заразени случаи со коронавирус.

Во Полска вчера беше регистриран рекорден број на заразени со Ковид-19, над 20.000 случаи, и 301 починато лице.

Јавниот обвинител најави дека ќе поднесе кривични пријави против организаторите на протестот поради предизвикување епидемиолошка закана, за што следува казна затвор од осум години. Локалните медиуми објавија дека Окружниот суд во Варшава се подготвува за водење на голем број случаи.