среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најки ги затвора корпоративните канцеларии на една недела заради приоритизација на менталното здравје

Најки ги затвора корпоративните канцеларии на една недела заради приоритизација на менталното здравје

Компанијата Најки ги затвора своите корпоративни канцеларии една недела, но не поради пандемијата. Причината е желбата на раководителите – вработените да се „опуштат и да соберат сила“. Тие сметаат дека е важно вработените да посветат внимание на своето ментално здравје поврзано со работното место.

Силна анксиозност, стрес, несигурност, страв и изолација се главните причини за нарушеното ментално здравје на многу Американци, посебно за време на корона-кризата.

Вишиот менаџер на компанијата Мат Мапацо објави објаснување на својата страница во Линкедин во врска со одлуката.

„Ова не е само една недела одмор за тимот … Ова е признание од наша страна дека можеме да му дадеме приоритет на менталното здравје и сепак да ја завршиме работата“.

Според него, компанијата ги разбира сите тешкотии со кои се соочени вработените.

„Време за одмор и закрепнување е клучно за добра работа и се надеваме дека оваа одлука ќе има позитивно влијание“.

„Nike HQ исто така се исклучува за цела недела одмор почнувајќи од следниот понеделник. Сите наши високи лидери испраќаат јасна порака: одвојте време да се опуштите, да се релаксирате и да поминете време со вашите најблиски. Не работете.”