Најмалку 15 лица, меѓу кои и осуммина Иранци, загинаа при синоќешниот израелски напад врз реон во близина на сирискиот главен град Дамаск, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Сириските државни медиуми уште синоќа јавија дека Израел нападнал позиции на Армијата на Сирија близу Дамаск и дека сириската противвоздушна одбрана пресретнал и уништила две ракети.
Според истите извори, нападот бил извршен во село во околината на Кисвех, јужно од Дамаск, каде се наоѓаат неколку сириски воени база.
Извори во сириската Армија соопштија дека цел на нападите биле армиски позиции, но дека при тоа загинале двајца цивили – маж и неговата сопруга.
Нападот се случил околу еден час по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, при што го нарече Иран „главен извозник на тероризам во регионот“ на Блискиот Исток.
Иран е главен сојузник на сирискиот претседател Башар ел Асад во регионот.
(Миа)