Обединетите нации и Светската здравствена организација повикаа на „итно прекинување на нападите врз болниците, здравствените работници, амбулантните возила“ во Украина.
-Тие не смеат никогаш да бидат цели на напади, изјави пред медиумите портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.
Дужарик додаде дека ОН ги следат деталите за пријавениот напад врз детска болница и породилиште во градот Мариупол, каде што се пријавени најмалку 17 повредени.
СЗО досега потврди најмалку 18 различни напади врз здравствени установи од почетокот на рускиот напад врз Украина, при што се убиени десет, а се повредени 16 лица.