Најмалку 18 лица загинаа рано утрово, кога пакистански воен авион се урнал врз семејни куќи додека бил на тренажен лет недалеку од округот Равалпинди.
-Најмалку 13 цивили, кои се наоѓале во куќите во селото Мора Калу ги загубиле животите, како и пет војници, вклучувајќи ги и двајцата пилоти на авионот, објави агенцијата АП.
Официјални лица изјавија дека 15 лица се повредени.
Армијата и полицијата се на местото на несреќата каде во тек е истрага, а причината за инцидентот сè уште не е утврдена.